Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра против Грција и Грузија во квалификациите за ЕП 2026 година кое ќе се одржи во Романија и Бугарија.
За првпат оваа година ЦЕВ репрезентациите ги подели во седум групи со по три тима исклучиво според рејтингот на националните репрезентации. Од групите седумте првопласирапласирани и најдобрите пет второпласирани селекции ќе обезбедат настап на Европското првенство.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Грузија – МАКЕДОНИЈА (17/18 август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (24/25 август 2024)
Грција – Грузија (28/29 август 2024)
Грузија – Грција (9/10 август 2025)
Грција – МАКЕДОНИЈА (13 август 2025)
МАКЕДОНИЈА – Грузија (16/17 август 2025)




