Ненад Димитријевиќ и Уникс Казн славеа голема победа против главниот конкурент за титулата во Русија тимот на ЦСКА Москва предводен од Емил Рајковиќ со 78:84.
Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ беше прво име на натпреварот со само едно промашување од игра (12/13) и едно од линијата за слободни фрлања (10/11), а додаде и 5 асистенции и 3 скока. Димитријевиќ мечот го заврши со фантастичен индекс 48.
Уникс после оваа победа е осамен на првата позиција во ВТБ лигата.




