Недела од 14 часот тимот на Караорман на домашен терен го пречекува ривалот Охрид. Ова ќе биде уште еден фудбалски дуел на езерските ривали во ВМФЛ.
Тимот од Струга под водство на тренерот Илче Перески грчевито се бори за опстанок во ВМФЛ, па бодовите ќе бидат од големо значење за домашните.




