Еурофарм Пелистер вечерва со почеток од 18:45 часот го пречекува ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Утре треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи во Европа, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг, по успехот на Франција на Европското првенство. Мило ми е што доаѓа еден Никола Карабатиќ во последната играчка сезона. Секоја нова сезона во Лигата на шампионите е поинтересна и појака, а ПСЖ секогаш е еден од фаворитите за освојување на трофејот. Имаат одлична екипа, со брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар. Имаат играчи од светска класа на сите позиции и ќе ми биде задоволство да се натпреваруваме со такви величини на играчи и тренери“.- изјави тренерот Бранислав Ангеловски




