Бенфика на македонскиот репрезентативец Филип Талески забележа победа на гостински терен кај Аванка со 32:42 во првенството на Португалија.
Филип Талески постигна 4 гола и беше еден од најдобрите ракометари на Бенфика на овој натпревар со одлична игра и во одбраната на својот тим. Бенфика останува на третото место зад Спортинг и Порто во шампинатот на Португалија.




