Викендов започнува плејофот во ракометната Супер лига кај мажите.
Уште на стартот во првото коло се игра големото дерби кое ќе биде еден од натпреварите кои ќе ја одлучат титулата. Во Битола сабота од 18 часот, шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар.
Во останатите натпревари Струга гостува во Кавадарци сабота од 17 часот , Бутел е домаќин на Охрид, додека вицепрвакот Алкалоид оди на мегдан со Пролет.





