“Кажу да време, време лечи све” e насловот на новата песна на легендата Тоше Проески. Песната е еден вид на подарок за фановите на Тоше, на денот на неговиот роденден. Со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.
Демо снимката била направена во 2004 година во студиото на Кирил Зарлинов, познат во јавноста како диџеј Ерик Фок. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).
Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД, Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси. Камчев има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.https://www.youtube.com/embed/mpizP1g2dBo?feature=oembed




