Вечерва од 18:00 часот сениорската ракометна репрезентација на Македонија во историскиот натпревар против Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија. Македонија и Франција мечот ќе го одиграат на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Ова е фудбалска арена која е специјално приспособена за овој натпревар и ќе биде првиот ракометен натпревар во историјата кој ќе се одигра пред повеќе од 53.000 гледачи.
„Имаме голема чест да бидеме дел од историскиот меч и да настапиме пред 55.000 навивачи. Тоа е одлично и сите со нетрпение го очекуваме почетокот на натпреварот против Франција. Ова е голема сцена и огромно искуство за целата репрезентација. Со ракометарите работевме на физичката и менталната подготовка, па се надевам дека ќе го прикажеме најдоброто од себе“, изјави селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров




