Македонија денеска ја совлада Грција (33-30) во првиот контролен натпревар во новата година пресрет на Европското првенство во Германија.
Мартин Велковски десниот бек Алкалоид, изјави дека заслужено успеале да слават во дуелот против јужниот сосед
„Речиси 15-20 дена бевме на подготовки и сè уште чувствуваме замор, но полека влегуваме во форма. Мислам дека одигравме добар меч, иако имавме одредени падови во играта, но мислам дека заслуживме да победиме. Одиме подготвени на Европското првенство. Возбудени сме пред ЕП, имаме тешка група, но мора да се фокусираме на себе и да се претставиме на најдобар можен начин и се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата на публиката“




