Денес кадетската репрезентација на Македонија во Скопје го започнува претстојниот квалификациски турнир за пласман на EHF EURO M18 2024.
Претстојното EHF EURO M18 ќе се оддржи во Црна Гора , а нашата кадетска репрезентација е дел од групата Б заедно со кадетските репрезентации на Косово , Швајцарија и Словачка.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
05.01.2024 – Петок
- 12:00 часот Швајцарија – Косово
- 15:00 часот Македонија – Словачка
06.01.2024 – Сабота
- 12:00 часот Словачка – Косово
- 15:00 часот Македонија – Швајцарија
07.01.2023 – Недела
- 12:00 часот Швајцарија – Косово
- 15:00 часот Косово – Македонија
Денешните натпревар на нашите кадети може да го гледате во живо на страната на ЕХФ ТВ на следниот ЛИНК.
*Напомена: Регистрација на страната на ЕХФ ТВ се прави бесплатно преку вашиот email.




