Вечерва во ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат Загреб од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Тренерот на нашиот шампион, Бранислав Ангеловски на прес конференција го изјави следното:
Кај нас доаѓа една ракометна институција. Ако погледнеме во минатото, не треба ни да зборуваме за името на клубот. Доволно е да кажеме дека сите репрезентативци на Хрватска кои биле олимписки, светски шампиони морале да пројдат низ таа школа. Имаат одлична млада генерација која во иднина ќе биде исклучително добра на ракометните терени. Една искусна екипа и точно е тоа дека имаат еден спој на искуство и младост. Од поискусните тука мислам на Чупиќ, Дибиров, Гојун, на трите стратешки позиции кои ја прават таа нивна одбрана толку хомогена и густа која ќе биде малку тешко условно да ја разбиеме. Загреб игра добро, константно. Имаат и маани на кои ќе обрнеме внимание и ќе бидеме максимално спремни за нивната игра, како во напад, така и во одбрана.




