
Бостон Бруинс ја оправдаа фаворитската улога против Флорида Пантерс, добивајќи го првиот меч од осминафиналето со 3-1.
Во првата третина, водство на домаќините им донесе Давид Пастрнак, а на стартот на вториот дел, предноста ја удвои Бред Маршан.
Само три минути подоцна, Метју Ткачак го намали дефицитот на гостите, а до доаѓањето на втората пауза, Џејк ДеБраск го постави конечниот резултат. .
Вториот натпревар од меѓусебната серија е закажан за два дена на исто место – ,,ТД Гарден” во Бостон.




