
На вториот слалом во Шпиндлерув Млин (Чешка), Лена Дир (1:30,91) ја изненади Микаела Шифрин.
Имено, Германката ја оствари само втората победа во својата кариера, односно прва после точно десет години и и’ оневозможи на Шифрин да се израмни на вечната листа со легендарниот Ингемар Стенмарк.
Американката (+0,06), иако беше прва после првата серија, испушти предност од 67 стотинки и мораше да се задоволи со второто место.
На третата позиција заврши Хрватката Зринка Љутиќ (+0,49), која се искачи на пиедесталот за првпат во кариерата.
Четврта беше Ана Свен-Ларсон (+0,83), додека одличниот хрватски ден го пополни петтопласираната Леона Поповиќ (+0,84).




