
Мини-турнејата ,,Зеефелд Трипл” во Зеефелд (Австрија), од Светскиот куп во нордиска комбинација, започна со денешната најкратка трка на 7,5 километри, која следуваше по првата скокачка серија.
Имено, водечкиот во генералниот поредок, Јарл Магнус Риибер, важеше за најголем фаворит, но остана без триумф по шести пат во низа.
Норвежанецот (+17,7) беше втор после првата серија, а во тркачкиот дел беше во водство повеќе од пет километри.
Сепак, во последната третина, Риибер загуби половина минута и накрај мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Неговиот сонародник, Јенс Лураас Офтебро (18:33,7), отскија одлична трка, која му ја донесе втората овосезонска победа, пред двојниот победник од Клингентал – Јоханес Лампартер (+8,1).
Третото место му припадна на Германецот Јулијан Шмид (+14,7), а освен Риибер, во првите пет се пласираше и Мануел Фаист (+29,9).




