
Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција се одржа во Зеефелд, Австрија.
Истиот започна со денешното натпреварување на кое, стопроцентниот овосезонски учинок го задржа Гида Вестволд Хансен.
Норвежанката (14:47,3) беше најдобра и после двете серии за вкупно шестиот триумф на првите шест трки во 2022/23.
Во однос на првата серија, втората позиција ја задржа Натали Армбрустер (+25,7), а до третото место, со напредок од осум скалила, дојде најдобрата тркачка – Ида Марие Хаген (+56,4).
На четвртата позиција се пласираше третата од скокачкиот дел, Аника Зиф (+1:06,6), а во првите пет заврши уште Мари Леинан Лунд (+1:14,9).




