
Во големото градско дерби на Истанбул, Галатасарај запиша победа над лутиот ривал – Фенербахче.
Имено, во шестото коло на турската одбојкарска Ефелер лига, клубот од европскиот дел на градот триумфираше со 3-1.
Првиот сет заврши со 25-22 во корист на победничкиот состав, кој ги освои и третата и четвртата партија (25-20, 25-22), додека, номиналните гости беа подобри само во вториот сегмент (25-22).
Од избраниците на Умут Чакир, најефикасни поединци беа Бурак Ѓунгор со 10, Мортеза Шарифи со 15 и Томас Едгар со 23 поени.
На спротивната страна, кај поразениот тим, двоцифрен поентерски учинок имаа Јасин Луати (10), Алесандре Фереира (11) и Павле Периќ (14).
На табелата, Галатасарај изби на третото место и го спушти Фенербахче на петтата позиција.




