
Во шеснаесеттото коло од англиската Национална лига, Нотс Каунти му го нанесе петтиот врзан пораз на Вилдстоун, совладувајќи го со 1-6.
За претставниците на Нотингем, ова беше шеста лигашка победа во низа со гол-разлика од 19-5.
Првиот гол на мечот го постигна Мекоули Лонгстаф (2′), кој го дели првото место во листата на стрелците во англискиот фудбал со Ерлинг Халанд, со постигнати седумнаесет овосезонски голови.
Во продолжение, двапати реализираше Адам Чиксен (24′, 42′), а по еднаш стрелаа Мет Палмер (30′), Арон Неман (46′) и Гералдо Бајрами (55′).
До крајот, домаќините постигнаа само почесен погодок преку Мајка Обиеро (60′), а осум минути подоцна, гостите останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Ричард Бриндли.
На табелата, Нотс Каунти го држи првото место, додека Вилдстоун падна на четиринаесеттата позиција.




