
После двата лигашки натпревари без триумф, Стивениџ се врати на победничките патеки и го фати чекорот за првото место со Лејтон Ориент.
Во шеснаесеттото коло од англиската Лиг 1, популарните ,,Боро” го надиграа Донкастер на гостински терен со минимални 0-1.
За Стивениџ, ова беше прва меѓусебна првенствена победа во историјата и втора, доколку се земе предвид и ФА Купот.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Џордан Робертс (25′), кој има пет погодоци на последните шест одиграни дуели.
Само неколку минути претходно, домаќините имаа шанса да дојдат до водство на спектакуларен начин, но Харисон Бигинс погоди пречка со шутот од својата половина.
На табелата, Стивениџ го зазема второто место, додека Донкастер падна на дванаесеттата позиција.




