
Питсбург Пенгуинс ја прекинаа низата од три победи на ЛА Кингс, откако синоќа ги совладаа со 6-1.
На мечот, ,,Пингвините”, заклучно со почетокот на третата третина, стекнаа предност од 6-0, а гостите постигнаа почесен погодок на две и пол минути пред крајот.
Единствен стрелец за претставниците на Калифорнија беше Карл Грундсторм, кој успеа да го совлада домашниот голман Тристан Жари (97,5%, 39/40 одбрани).
На другата страна, пакот во мрежата на Лос Анџелес го вметнаа Јан Рута, Џејк Гинтцел, Рикард Ракел, Џеф Петри, Џеф Картер и Рајан Пелинг.
Во Западната конференција, ЛА Кингс паднаа на четвртото место, додека Питсбург е второпласиран на Истокот.




