
Хјустон Астрос стекнаа водство од 2-0 во полуфиналето на МЛБ против Њујорк Јенкис.
Во вториот натпревар, претставниците на Тексас го искористија домашниот терен и триумфираа со 3-2.
Во третиот ининг, Астрос поведоа со 3-0 со хоум-ранот на Алекс Брегман, додека на базите беа Мартин Малдонадо и Јордан Алварез.
Во наредниот период, Јенкис го намалија својот дефицит, а воедно и го поставија конечниот резултат со трчањата на Арон Џаџ и на Џанкарло Стентон.
Иако допушти два поени, стартниот фрлач на домаќините, Фрамбер Валдез, одигра одличен натпревар со девет страјк-аути.




