
По третпат на последните четири меѓусебни пресметки, Адмирал Владивосток и Витјаз Подолск ремизираа после шеесет минути игра.
Денес, на далечниот Исток, Адмирал триумфираше над ривалот од околината на Москва со конечни 3-2 после пенали.
Во првата третина, Руслан Ибатулин им донесе водство на домаќините, но заклучно со вториот период, Никита Гончаров и Степан Старков направија пресврт.
На триесет и пет секунди пред крајот, Данил Фаизулин избори продолжение, а во пенал-серијата, триумф на клубот од Владивосток му донесе Рудолф Червени.
Во Западната конференција, Витјаз се наоѓа на петтото место, додека Адмирал е седми на Истокот.




