
По третпат во низа на меѓусебните дуели, Северстаљ Череповец го совлада Сочи, откако денес славеше со 1-2.
За Сочи, ова беше четврт пораз во низа, кој го остави на последното место во Западната конференција.
Од друга страна, Северстаљ го запиша третиот триумф на последните четири средби и изби на осмата позиција во истата група.
На мечот, гостите стекнаа водство од 0-2 со головите на Александер Жабрејев во првиот и на Данил Вовченко во третиот период.
До крајот, ,,Леопардите” успеаја само да го преполоват својот дефицит преку Амир Гарајев на единаесет минути пред крајот.




