Кадетската машка репрезентација на Македонија го одигра вториот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора и забележа минимален пораз 30:29.
Пријателскиот натпреварот се одигра Бар во Црна Гора, а за нашата селекција најефикасни ракометари беа Узунчев Димитар кој постигна 8, а Андреј Стојановски, Славчо Шулевски и Валентин Карасманакис постигнаа по 4 погодоци.




