
Од првите дванаесет екипи во англиската Лиг 1, Портсмут е единствена без победа на последните три лигашки натпревари.
Во тринаесеттото коло, популарните ,,Помпи” ремизираа на својот ,,Фратон Парк” со 1-1 против Флитвуд.
Уште во седмата минута, Џош Корома му донесе водство на домашниот состав, но само осум минути подоцна, гостите израмнија преку Карлос Мендес Гомес (15′).
Релативно негативната низа го спушти Портсмут на четвртото место на табелата, иако пред еден месец беше на самиот врв.
Од друга страна, Флитвуд се искачи на високото единаесетто место и дојде на само четири поени од плејоф-зоната.




