
После петте меѓусебни порази во низа, Каљари конечно успеа да освои бод против екипата на Џенова.
Во дуелот на двата минатосезонски прволигаши, во рамките на осмото коло од италијанската Серија Б, двете екипи ремизираа со 0-0.
На мечот, Џенова пружи за нијанса подобра игра и имаше неколку солидни прилики, при кои се истакна гостинскиот голман – Борис Радуновиќ.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Џенова изби на третото, а Каљари на деветтото место.



