
Во рамките на деветтото коло од турската Супер лига, Газијантеп и Адана Демирспор одиграа нерешено со 1-1, запишувајќи го првото меѓусебно реми после 2017.
Гостите беа далеку подобар противник на натпреварот и заслужено поведоа после еден час игра преку Брит Асомбалонга (60′).
Само девет минути подоцна, после пет минути поминати на теренот, за домаќините израмни поранешниот капитен на Партизан – Лазар Марковиќ (69′).
До крајот, избраниците на Ерол Булут останаа со десетмина во игра, откако директен црвен картон доби Ертугрул Ерсој (78′), но тоа не влијаеше на конечниот резултат.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Адана се искачи на првото место, а Газијантеп скокна на деветтата позиција.




