
Во рамките на седмото коло од новата сезона на хокеарската ИЦЕ Лига, Олимпија Љубљана ја запиша третата победа во низа.
Имено, Словенците го совладаа новајлијата Ворарлберг со убедливи 1-4 на првиот меѓусебен дуел во историјата.
После првата третина, резултатот гласеше 1-2, откако предност на Олимпија и’ донесоа Жига Панце и Лука Калан, а за Австријците реализираше Тајлер Сендју.
До крајот, гостите забија уште по еден гол во наредните два периоди, а стрелци беа Миха Беричич и Јака Содја.
На табелата, Олимпија дојде до шестото место, а Ворарлберг падна на десеттата позиција со петте порази на последните шест пресметки.




