
По петте меѓусебни порази, Кунлун Ред Старс успеаја да го совладаат Трактор Чељабинск со 3-2 после продолжение.
На мечот, Трактор поведуваше во два наврати преку Алексеј Бивалцев во првата и преку Кирил Капустин во третата третина.
Од друга страна, за кинеските претставници израмнуваа Итан Верек и Кори Кејн, а победата ја донесе Брендон Јип.
Освен стрелците, важна алка за Ред Старс беше и голманот Метју Џарусик, кој запиша 42 одбрани.
На табелите и двете екипи имаат ист пласман, заземајќи го десеттото место во своите конференциии.




