На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ беа извлечени групите за новата сезона во ЕЛ. Битолскиот тим беше во вториот барабан и за противници ги доби Фуксе Берлин и Мотор Запорожје.
Така Еурофарм Пелистер двапати ќе гостува во Германија, затоа што покрај дуелот со Фуксе Берлин, против Мотор Запорожје поради ситуацијата во Украина ќе се сретне во Дизелдорф.
Група Д:
Еурофарм Пелистер
Фуксе Берлин
Moтор Запорожје
Бидасоа
Скандерборг
Агуаш Санташ




