
Откако во првото коло од турската одбојкарска Ефелер лига го намачи Фенербахче, екипата на Чизре го запиша и првиот овосезонски триумф.
Имено, во втората рунда, Чизре Беледијеспор покажа дека има амбиции за влез во Европа, славејќи над Алтекма со 3-1.
Гостите го добија првиот сет со 19-25, но домаќините покажаа убедлива игра во продолжение, освојувајќи го наредните три партии (25-23, 25-15, 25-21).
Од избраниците на Левент Матмеричли, дваесет поени запиша Георги Татаров, а по десет имаа Кевин Саар и Емин Ѓок.
На спротивната страна, двоцифрен поентерски учинок имаа Светослав Иванов (13 поени), Кемал Кајхан (16) и Јулиен Винкелмилер (17).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Чизре го држи првото место на табелата, додека Алтекма ја зазема десеттата позиција.




