
На првиот меѓусебен ,,армиски” дуел во сезоната 2022/23, СКА Ст. Петербург славеше над ЦСКА Москва со 2-3 после продолжение.
На стартот на втората третина, ЦСКА веќе имаше предност од 2-0 со головите на Константин Окулов и на Никита Нестеров.
Сепак, во завршницата на вториот и на третиот период, гостите израмнија, благодарение на Данил Пиленков и на Марат Хаирулин.
Во продолжението, на претставниците на Ст. Петербург им беа потребни две и пол минути за да стигнат до четвртиот врзан триумф преку Максим Грошев, кој ја искористи неуспешната тактика на ривалите (играње со празен гол).
На табелата на Западната конференција, СКА остана на првото место, додека ЦСКА ја зазема осмата позиција.




