
Шестото коло од грчката Супер лига беше затворено со триумфот на АЕК над Ионикос со убедливи 4-1.
Претставниците на Атина поврзаа две победи за првпат сезонава, а тоа беше остварено на дебито на својот нов дом.
Имено, ,,Црно-жолтите” се преселија на новоотворениот стадион ,,Аја Софија”, а навивачите го одбележаа овој чин со фантастично пиротехничко шоу поради кое, натпреварот доцнеше цели дваесет минути.
На мечот, АЕК потполно издоминира против својот ривал, надигрувајќи го во секој статистички сегмент.
Два погодоци за домаќините запиша Србинот Мијат Гачиновиќ (6′, 65′), кој влезе во историјата како прв стрелец на ,,Аја Софија” со своите дебитантски голови во грчкиот фудбал.
Освен него, од неговите соиграчи реализираа уште Леви Гарсија (26′) и Серхио Араухо (62′) со помош на одбитокот од гостинскиот дефанзивец – Фабиен Антин.
Од друга страна, за Ионикос, почесниот погодок го постигна Кристос Елефтеријадис (90+3′) во судиското продолжение.
На табелата, АЕК скокна на второто место, оставајќи го Ионикос на последната позиција со само еден освоен бод.




