Македонскиот ракометар Никола Костески продолжува со одличните игри во чешкиот вицепрвак Плзен.
Талент Плзен ја забележа петтата победа во петтиот натпревар, откако славеше на гости против Јичин со убедливи 19-30, а токму нашиот Никола Костески беше најдобар стрелец со 5 голови.



