
На една недела пред крајот на регуларниот дел од сезоната во МЛБ, Балтимор Ориолс го искомплицираа својот потенцијален влез во плејофот со трите врзани порази од Бостон Ред Сокс.
За Ред Сокс, кои се десетти во Американската лига со учинок од 75-81, оваа серија беше со ревијален карактер, поради фактот дека за нив, плејоф-зоната е недостижна.
Од друга страна, Ориолс (80-76) се седми со четири победи заостаток во однос на шестопласираните Сиетл Маринерс (84-70) на шест натпревари до крајот.
На мечот, после три ининзи, Ориолс водеа со 0-2, имаа позитивен резултат од 3-3 после седмиот период, но сепак допуштија два поени во осмата деветтина.
За Ред Сокс, во листата на поентерите се запишаа Џеј Ди Мартинез (×2), Тристон Касас и Алекс Вердуго (×2).
На спротивната страна, хоум-ран и четири бази освои Кајл Стауерс, а со трчање поентираше Хорхе Матео.




