
Во заостанатиот меч од четвртото коло на англиската Лиг 2, Карлајл Јунајтед го порази Гримзби со 1-2.
За гостите од регионот Камбрија, ова беше четврти триумф во сезоната и на прв на ,,Бландел Парк” после 2017.
Карлајл стекна клучна предност уште во првото полувреме, кога мрежата на Макс Крокомб ја затресоа Овен Моксон (7′) и Кристијан Денис (44′).
Денис го постигна својот седми овосезонски погодок за избивање на третото место во листата на стрелците, додека Моксон реализираше за првпат во англискиот фудбал.
Во второто полувреме, домаќините целосно го надиграа противникот, но успеаја само да го преполоват својот заостаток преку првиот професионален лигашки гол на Мичи Ефете (65′).
На табелата, Карлајл скокна на осмото место, додека Гримзби падна на дванаесеттата позиција.




