
Со денешната победа од 6-1, Автомобилист Екатеринбург му го нанесе десеттиот меѓусебен пораз во низа на Кунлун Ред Старс.
На мечот, домаќините постигнаа по два гола во секоја третина, а капитулираа само еднаш во финишот на првиот дел по ударот на Брендон Јип.
За рускиот состав, двоен стрелец беше Сергеј Широков, а по еднаш реализираа Брукс Мајсек, Ник Еберт, Грегориј Белоусов и Куртис Волк.
Во Источната конференција, Автомобилист го задржа второто место, а Кунлун остана на претпоследната позиција на Западот.




