Тимот на Струга се спаси од пораз дома против Прилеп, откако Дамјан Тутенкоски го одбрани последниот напад на гостите. Натпреварот заврши со конечни 25:25.
Прва гостинска победа на ГРК Охрид во новата сезона на Супер лигата откако славеа во Куманово со 22:31. Најефикасни во редовите на Охрид беа Даниел Андоновски, Халил Озтурк и Балша Цејовиќ со по 6 гола.




