
Џилонг Кетс стигнаа до јубилејната десетта титула на АФЛ, односно до првата круна после 2011.
Во овогодинешното финале, ,,Мачките” беа убедливи против Сиднеј Свонс, декласирајќи ги со (20.13) 133-52 (8.4) пред најбројна публика од 1986 наваму од 100 024 гледачи на ,,Мелбурн Крикет Граунд”.
Во текот на цел натпревар, новите прваци имаа двоцифрена предност, која се базираше на одличната прва четвртина, добиена со 41-6.
Кај поразениот состав, единствени расположени во офанзивата беа Том Папли (1.2) и Чад Варнер (2.0).
Од друга страна, за славјето на Џилонг, најзаслужни од поентерите беа Тајсон Стенгл (4.1), Том Хокинс (3.4), Ајзак Смит (3.1), Џереми Камерон (2.1) и Бред Клоус (2.0) од вкупните единаесет стрелци.
На патот до финалето, Џилонг победи против Колингвуд Мегпајс и против Бризбејн Лионс, а Сиднеј беше подобар од бранителите на титулата, Мелбурн Демонс и исто така од Колингвуд Мегпајс.



