Еурофарм Пелистер денес за првпат во историјата ќе игра на фајнал-фор турнирот во СЕХА-лигата, во кој ќе игра против Веспрем во полуфиналето (20.30ч.).
Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме во градот на ракомет. Луѓето таму „луди“ по овој спорт и што е многу важно – го разбираат спортот. Верувам дека ќе ни бидат голема поддршка во текот на сезоната.
Да не размислувавме дека имаме шанси немаше ни на дојдеме во Задар. Натпреварот почнува со 0-0 и верувам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Заслуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите. – изјави голманот Урбан Лесјак.




