
Англискиот третолигаш, Ипсвич Таун, ги најави своите трети дресови за наредната сезона, кои беа официјално претставени од пејачот Ед Ширан.
Ед Ширан досега има тринаесет број еден хитови во Велика Британија, а логото на неговата турнеја веќе втора година по ред ќе стои на предната страна на дресот на клубот од ,,Портмен Роуд”.
Имено, Англичанецот, родум од Ипсвич, е голем навивач на ,,Трактор Бојс” и затоа реши да му помогне на својот омилен клуб со спонзортство.
Самиот факт дека целата турнеја на Ширан е присутна на гарнитурата, двојно ја зголеми продажбата на дресовите на Ипсвич во однос на сезоната 2020/21, воедно постави нов рекорд во последните петнаесет години.




