
Синоќа, серијата од пет победи на Чикаго Кабс беше прекината со поразот од 2-5 од Милвоки Бруерс.
Кабс, после шест периоди водеа со 2-0 и беа на добар пат да го остварат шестиот врзан триумф, но во последните три ининзи примија пет поени.
За домашниот состав, стартниот фрлач Џастин Стил, освои девет страјк-аути, но, откако беше заменет, неговиот тим почна да губи.
Од неговите соиграчи, по еден хоум-ран постигнаа Иан Хап и Сеија Сузуки.
На спротивната страна, во листата на поентерите влегоа Рауди Тељез (1+1), Кестон Хиура (×2) и Колтен Вонг.
Во Националната лига, Милвоки (64-56) ја зазема седмата позиција, а Кабс (52-68) се десетти.




