Додека во светот се рушат рекордите во пливање,нашите веќе искусни пливачи,натпреварувачи,напредни и почетници го научија значењето на секундата и стотинката во пливањето и значењето на резултатот во пливање И зворот казна и дисциплина!
Некои се стекнаа со новото искуство во нивниот живот-ПЛИВАЊЕТО,други се усовршија и напреднаа во категорија самостојни пливачи,а додека најискусните и тие со најмногу трки,жнееа цела сезона медали на сите пливачки ,триатлон ,акватлон и велосипедски трки.
Особено ми е драго што оваа сезона ја почнавме во Струшкото езеро уште на 07.06.2022 и во цела летна сезона имавме само 3-4 испуштени тренинзи поради лоши временски услови.
Се надеваме дека одличните резултати пред летната сезона благодарение на Хотел Мираж и и во текот на летната сезона ќе ги продолжиме до завршувањето на оваа тековна година повторно во базенот од Хотел Мираж ,во исчекување на завршувањето со градба на струшкиот затворен пливачки базен кој треба да е готов до октомври-ноември.
Благодарност до NOCE – DOOEL
@ABBA BUTIK
Овие деца многу пати покажале,докажале и макотрпно работат максимално посветени за промоција на нашата Струга.
Желни да докажат колку можат,едвај чекаат секоја наредна трка. Сето ова е со минимални услови,а замислите колку повеќе можат да направат ако имаат се.
*Почетници
*Напредни пливачи
*Натпреварувачка група пливачи
*Триатлонци
*Велосипедисти, членови на нашиот клуб,
ВИЕ СТЕ ИДНИНАТА НА СПОРТОТ ВО СТРУГА!
Сега ни претстои една недела завршување на припремите до натпреварувачката група во. Црна Гора,па не очекуваат уште две трки за летово.
На 27..08.2022 пливачки маратон во Љубаништа
28.08.2022 Акватлон во Охрид..
Па 03.09.2022 септември триатлон во Србија
На 11.09 една група на велосипедскиот трофеј куп во Прилеп другата група на Балканското првенство во Акватлон во Загреб.
Па на 18.09.2022 отвореното триатлон првенство со натпреварувачи од ,Македонија,Црна Гора,Бугарија,Хрватска,Србија,Албанија и Косово.
Спортски поздрав







