Голманот на Кил, Никлас Ландин трета сезона по ред е во идеалната постава исто како и десното крило на Барселона, Алеиш Гомез. Од таборот на Каталонците тука е и десниот бек Дика Мем, а Веспрем има исто така двајца претставници во Петар Ненадиќ, најдобар лев бек и Кентан Мае најдобар централен бек. Хампус Ване од Флензбург е најдобро лево крило. Пивотмен на сезоната е Камил Шипшак од ПСЖ, најдобар дефанзивец Хендрик Пекелер од Кил, а најдобар млад играч Тобијасн Грендал од Елверум.
Таулант Душебаев од Кјелце е тренер на сезоната во Лигата на шампиони.





