вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Никола Ѓорѓиев најдобар поентер, Филип Савовски прв блокер во Европската сребрена лига

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 13, 2022
📁 Останато

Според полуфиналниот статус, македонските одбојкари не отстапија од пласманот во претходните сезони во Евролигата. Седмипат од премиерниот настап во тогашната единствена Европска,а третпат откако натпреварувањето има два сегмента и се нарекува Сребрена лига,црвено-жолтите ќе дефилираат во елиминациската фаза. Ниту еднаш не проуштија да се најдат во престижното друштво, годинава со три победи во групата, со променлива игра, но што е најважно, и со бунтовен дух работите да се свртат восопствена полза кога изгледа неможно.

Иако во составот не беа тројца стандардни: Љафтов, Николов и Ангеловски, а потоа се повреди Костадин Ричлиев, Македонија извади билет за завршниот турнир во Будимпешта наредниот викенд, заедно со нашиот ривал во полуфиналето Финска, со Романија и со домаќинот Унгарија. Сега на сите треба да им биде полесно, на селекторот Ратко Павличевиќ затоа што со намален играчки кадар успеа да ја достигне досегашната одредница, на играчите затоа што во последните два меча потсетија на убавите времиња кога во Европската лига добивавме натпревари со звучни репрезентации како Полска, Естонија, Турција, Бугарија…

Пред саботното полуфинале со стариот должник Финска, младите веројатно сфатија дека можат да одговорат на предизвикот. Филип Савовски е прв блокер во натпреварувањето со 21 поен од овој елемент, односно во просек еден на сет. Илиев е наш трет реализатор со 54 поени, но покрај нападот, тој и Костиќ треба да бидат значителна поддршка во приемот како основен елемент за нашата игра. Искуството на Милев како либеро на последните две средби целосно ја крена македонската репрезентација, па примачите беа посигурни во нападот играјќи на чисти топки. Техничарите се стандардни, Ѓорѓи Ѓорѓиев имаше најдобар процент (60,61) во Евролигата воопшто, но со Деспотовски, кој е вкупно четврти според ефикасноста кај организаторите, ние ги забележавме победите над Романија и над Босна и Херцеговина. Никола Ѓорѓиев е константа, повторно е апсолутен поентер и во златниот и во сребрениот сегмент со над шест поени во сет во просек, вкупно 148 на шест натпревари. Радува иголемиот исчекор на Маџунков, кој е втор стрелец кај нас, а речиси половина од 57-те поени вкупно ги освои на претходните две пресметки на коишто имаше одличен процент во напад. Се разбира, сето тоа беше можно поради стабилниот прием како резултат на одлуката Владо Милев да застане на позиција либеро.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Заклучок е дека во македонската одбојкарска репрезентација сите параметри се поврзани, и оние на теренот, како и оние надвор од него. До завршниот турнир во Будимпешта има доволно време нишанџиите да станат уште попрецизни.

ShareTweet
Претходна вест

Димитар Димитриоски се сели во Шпанија

Следна вест

(Видео) “Ново утро” нова авторска песна на Александар Петрески

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!
Останато

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Ное/2026
МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА
Останато

МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Окт/2026
СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“
Останато

СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Окт/2026
12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026
Останато

12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Окт/2026
Следна вест
(Видео) “Ново утро” нова авторска песна на Александар Петрески

(Видео) "Ново утро" нова авторска песна на Александар Петрески

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.