
Во дванаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Голд Коуст Санс дојдоа до шестата победа, откако ги декласираа Норт Мелбурн Кенгарус со (15.19) 109-47 (7.5).
За Кенгарус, ова беше десетти пораз во низа и дури осми последователен натпревар на кој примија трицифрен број на поени.
Гостите од Мелбурн се држеа добро во првата четвртина, но сè тргна во посакуваната насока за Санс во вториот дел, кој го добија со 49-0.
После изедначениот трет период следуваше четвртиот квартал од мечот во кој, домаќините, со серијата од 30-2, само го заверија својот триумф.
За Кенгарус, по еден гол постигнаа седум различни фудбалери меѓу кои и првиот пик од драфтот во 2021, Џејсон Хорн-Френсис, а седум поени запиша Лук Дејвис-Јуниек (1.1).
Кај Голд Коуст, со тринаесет, односно со петнаесет поени, најефикасни беа Сем Деј (2.1) и Ајзак Ранкин (2.3).
На табелата, Норт Мелбурн остана на претпоследната позиција, додека Голд Коуст скокна на десеттото место.




