Tимот на Еурофарм Пелистер претрпе пораз во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа против Нексе во Хрватска со резултат 29:26. Вечер со почеток од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се игра реваншот на кој ќе брка победа од четири разлика.
„Како што знаете сами, имаме две многу важни средби во април. Едната е да ја вратиме титулата во Битола со Вардар, но претходно играме реванш со Нексе во Европската лига. Во Нашице одигравме динамичен натпревар. Во Битола треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искорисиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата од три гола“, изјави пикерот Елмир Граџан.



