
После трите последователни порази, Филаделфија 76ерс го запишаа првиот триумф, совладувајќи ги Шарлот Хорнетс со 144-114.
Во првото полувреме, Шарлот беше конкурентен тим, но целосно се ,,изгуби” во третата четвртина, која им припадна на 76ерс со 45-27.
Од победничките редови, дабл-дабл постигнаа двајца кошаркари – Џоел Ембиид (29 поени и 14 скокови) и Џејмс Харден (12 поени и 13 асистенции).
Кај Шарлот, најрасположени во нападот беа Мајлс Бриџес со 20 и Пи Џеј Вашингтон со 14 кошеви.
Во Источната конференција, Филаделфија (47-30) го држи четвртото, а Шарлот (40-38) се наоѓа на десеттото место.




