Кошаркарите на Валенсија со победа над големата Барселона 86:76 и со одлична игра на нашиот Ненад Димитријевиќ го заборавија на неуспехот во натпреварите од „Копа Дел Реј“ .
Нено Димитријевиќ за периодот од 27.минути кои ги помина на теренот реализираше 17.поени (5/9 за два и 6/6 за еден поен), на кои придодаде и одлични седум асистенции и четири скока за тоа време во игра. За најголем индекс на корисност – 20, во победничката екипа.
По овој 20. круг од натпреварите во „Ендеса“ лигата, сега Валенсија има ефект од 13.победи и 7.порази, со кој според бројот на поразите е на делба на позицијата број 3.




