Екипата на Струга сезонава ја стартуваше суперлигата како еден од главните аутсајдери и со далеку послаб ростер на ракометари од претходната сезона, но сепак на крајот од регуларниот дел во многу посилна конкуренција од лани стигна до 8. место. Стружани собраа 19 бодови што им овозможува да тргнат од втората позиција во плеј-аутот со 4 бодови, веднаш зад тимот на Пролет кој стартува со 5 бодови.





