
Штефан Крафт го доби првото овосезонско натпреварување во Лахти (Финска) во рамките на Светскиот куп во ски скокови.
Австриецот дојде до својата дваесет и трета победа со најдолгиот скок на денот од 131 метар, изведен во втората серија.
По бројот на триумфи, Крафт се израмни на десеттото место на вечната листа со Петер Превц, со Симон Аман и со Томас Моргенштерн.
На второто место се пласира актуелниот шампион, Халвор Егнер Гранеруд, кој беше четврт после првото издание.
Полјакот Пјотр Жила ја освои третата позиција и се искачи на победничкиот пиедестал за првпат сезонава, а само 0,1, односно 0,5 поени зад него беа Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
Водечкиот после првиот дел и лидерот во Континенталниот куп, Улрих Волгенант, го зазеде шестото место и го освои најдобриот пласман во кариерата во Светскиот куп.
Во првите десетмина се најдоа уште: Рјоју Кобајаши, Петер Превц, Грегор Дешванден и Цене Превц.




